БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

ОППС Велес: Одржување и реновирање на постоечките простории на Сојузот (предуслов за квалитетно изведување на активностите) и активности во летниот период

ОППС Велес: Одржување и реновирање на постоечките простории на Сојузот (предуслов за квалитетно изведување на активностите) и активности во летниот период

ОППС Велес: Одржување и реновирање на постоечките простории на Сојузот-предуслов за квалитетно изведување на активностите

ОППС Велес: Одржување и реновирање на постоечките простории на Сојузот (предуслов за квалитетно изведување на активностите) и активности во летниот период

 

Ценејќи ја важноста на реновирањето и одржувањето на постоечките објекти, ОППС Велес спроведе една таква акција, како подготовка за претстојната пожарна сезона. Реновирана е постоечката куќа на езерото “Младост”. Со тоа се создадоа услови за непречено одвивање на голем број активности на теренот во околината на објектот. Во оваа активност учествуваа доброволните пожарникари: Тодор Грков, Ристе Мицевски, Младен Најдовски, Круне Величков, Ифтим Ангелов и Трпко Мицев.

                Противпожарниот сојуз на општината Велес успешно ги реализира предвидените програмски активности за летниот период. На Езерото Младост заклучно со о9.09.2010 година  заврши дежурството на доброволната противпожарна единица Велес-1, која ги спроведе планираните превентивни активности (лепенје на плакати, поделба на флаери и позарен кукен ред, едукација предупредување на кампери и сл.).

Доброволното противпожарно друштво од Градско со својата доброволна противпожарна единица (која е во состав на противпожарниот сојуз Велес), во рамките на своите активности во летниот период, покрај успешно реализираните превентивни активности (дежурство, лепење на плакати, поделба на флаери, едукација на населението од населените места и сл.), учествуваа во гаснење на пожари. Тие на  ден 28.08.2010 год., со своето возило, учествуваа во гасење на пожар на отворен простор покрај зелезничката пруга Ногаевци-Градско, притоа од огнената стихија спасувајќи земјоделски посеви, шума во близина на пругата и делови од самата пругата. Истиот ден, тие  учествуваа во гаснење на запалена куќа во с. Ногаевци. Во неколку наврати учествуваа во противпожарно обезбедување на прослави на манастири во околината на Градско. За оваа своја активност беа посебно пофалени од професионалната противпожарна единица во Велес и градоначалникот на општина Градско. 

 

 

 

 

 

 

 

  

  

 

By |2018-01-09T19:19:24+01:0020 - 08 - 2010|Новости|Коментарите се исклучени на ОППС Велес: Одржување и реновирање на постоечките простории на Сојузот (предуслов за квалитетно изведување на активностите) и активности во летниот период

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top